Мексиканското министерство за надворешни работи во четвртокот објавило дека нарко босот Хоакин Ел Чапо Гузман, е екстрадиран во САД, кои го бараат за шверц на дрога, убиства и перење на пари.
Шефот на еден од најкрвавите и најмоќни светски нарко картели, Синалоа, долга низа години избегнувал апсење, а во рацете на мексиканските власти паднал во април при изненадната рација во луксузниот хотел во едно мексиканско летувалиште.
Ел Чапо, кој за својот статус малку и срамно побегнал од максимално обезбеден затвор, во корпа со валкана долна облека, бил уапсен во Мазалтлан без ниеден испукан куршум.
Роден е во, едни велат 1954, други во 1957, за детството му се знае малку, а својата прва плантажа со марихуана ја посадил веќе на 15 години. Во нарко картелите почнал да работи на 17 години, и брзо напредувал во хиерархијата.
Во 80-тите веќе имал своја територија, а кон средината на 90-тите го презема водството на картелот Синалоа, кој подоцна ќе воскресне до веројатно најголем и најбрутален на светот. Во “војните на дрога”, односно пресметките помеѓу картелите и силите за безбедност, во последните години во Мексико биле убиени десетина илјади луѓе.
Во Мексико мислеле дека Ел Чапо не може да биде фатен. Толку е моќен, велеле, што може да поткупи секого. Има лојална војска од следбеници и секогаш добива информација кога некој ќе му се доближи.
Толку е храбар што живее безгрижно иако секогаш му се на трагот. Неколку пати влегувал во луксузни ресторани на ручек, на гостите им ги собирал телефоните, и на крајот ги плаќал нивните сметки.
Последните години Гузман ги проширил операциите на Синалоа на 50 земји од Латинска Америка, Африка и Европа, го поврзувале и италијанската Ндрангета, но на неговата приказна и доаѓа крајот. Во САД му се заканува долгогодишен затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)