| четврток, 6 декември 2018 |

15-годишник почнува да пука во другарите, па го врти пиштолот кон себе (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Снимката од ученикот со пиштол во училиште, која кружи на интернет, ги шокирала сите.
Во американското училиште во мексиканската сојузна држава Нуево Леон, во понеделникот 15-годишниот ученик Федерико Гевара пукал од огнено оружје и тешко ранил тројца ученици и наставник. Потоа го свртел пиштолот кон себе и пукал.

meksiko-ucenik-pukal-soucenici-05
Портпаролот на безбедносните сили, Алдо Фаши, соопштил дека малолетниот ученик влегол во училиштето носејќи пиштол, и “пукал прво во наставникот, па потоа во друго дете”, за после неколку минути пауза и држење на пиштолот вперен кон соучениците, да почне повторно да пука.

meksiko-ucenik-pukal-soucenici-01
Според зборовите на Фаши, полицијата сè уште не го знае мотивот за злосторството.
АП пренесува дека напаѓачот се ранил себе, ученик и наставник и дека тоа се случило во зградата во која се заедно сместени основно и средно училиште.

meksiko-ucenik-pukal-soucenici-04
Вчера властите потврдиле дека детето-напаѓач починало во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top