| четврток, 6 декември 2018 |

Големо признание за капитенот Кире Лазаров од ИХФ на Мудијалот во Франција (ВИДЕО)

Кире е без конкуренција прв на листата со најмногу МВП поени (голови и асистенции), вкупно 67 поени од кои 44 гола и 23 асистенции.

Тој е убедлив пред Белорусинот Пуховски со 55 поени од кои 20 гола и 35 асистенции и Норвежанецот Сагосен со 51 поен од кои 26 гола и 25 асистенции.

Кире Лазаров е на врвот на листата на стрелците со 44 гола, а по него се Тунижанецот Банур со 34 и Германецот Генсхајмер со 33 гола.

Заедно со Никола Карабатиќ е на делба на четвртото место со 23 асистенции.

Прв е Пухоски од Белрусија со 35, пред Хрватот Лука Циндриќ со 27 асистенции и Норвежанецот Сагосен кој има 25 асистенции.

Денеска Македонија од 16 часот ја отвора нокаут-фазата против Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top