| четврток, 6 декември 2018 |

Разговарал на „Скајп” со сопругата, додека се сексал со друга

Поранешниот боксерски шампион, Британецот Амир Кан (30), се најде во голема неволја откако протече неговото секс видео на неколку американски порно сајтови

Британскиот весник „Сан” тврди дека со снимката што излезе во јавноста најверојатно веќе е покрената бракоразводната парница од неговата сопруга, која е една од најатрактивните манекенки во светот, Фаријал Мекдум (25).

Кан е снимен за време на сексуалниот однос со друга девојка, а притоа разговарал на „Скајп” со својата сопруга, неколку недели откако се оженил во 2013 година. За сега, името на девојката која била во неговиот кревет е во тајност, но се споменува дека е од Аризона.

Ова е катастрофално за Амир. Тој е боксер од муслиманско потекло, а неговиот приватен живот сега е под микроскоп. Моментот не можеше да биде полош. Гласините поради таа снимка кружеа со години, но сега кој може да ги погледне на интернет, изјавил таен извор на „Сан”.

Но, ова не е единствениот проблем во семејството. Имено Фаријал не e снаа по мерка на родителите на Амир, пред се поради тоа што не ги почитува исламските обичаи и не носи фереџе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top