Ракометната репреѕентација на Германија го освои првото место во Групата Ц на Светското првенство во Франција, откако го доби дербито со Хрватска со 28:21.
Најефикасен кај Германците беше Винцек со 6 гола, а Хефнер постигна пет погодоци. Кај Хрватите, пак, по пет гола се истакнаа Штрлек и Степанчиќ.
Во осминафиналето Германија ќе игра со селекцијата на Катар, додека Хрватска, како второпласирана од Групата Ц ќе се соочи со третопласираната селекција од Групата Д, Египет.
Токму Египет во последниот натпревар од групната фаза загуби од Шведска со 33-26, по што Швеѓаните како второпласирани ќе завршат во Групата Д, со еден пораз од селекцијата на Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.