| четврток, 6 декември 2018 |

Што ѝ подари Меланија Трамп на Мишел Обама?

Кога новиот претседател на САД, Доналд Трамп и сега првата дама Меланија Трамп пристигнаа на инаугурацијата, вниманието беше насочено кон сината кутија во рацете на Меланија.

Таа на екс првата дама Мишел Обама, и предаде подарок од Тифани, во сина кутија, украсена со бела сатенска машна.
Тоа веднаш покрена лавина од прашања на социјалните мрежи, но и различни комични нагаѓања како тоа дека во кутијата се наоѓа “главата на актерката Гвинет Палтроу“.

-“Донесе подарок“изговори Мишел Обама. Потоа следуваше непријатна ситуација. Мишел мораше истовремено да позира за камерите, а со очите да бара некој на кого ќе му ја даде кутијата.

Според протоколот за примањето подарок во дипломатијата, тие никогаш не се даваат директно на претседателот, потпретседателот, државниот секретар, како и на нивните сопруги.

Конечно, Барак Обама и помогна на својата сопруга, ја зеде и ја однесе кутијата со зборовите “Јас ќе се погрижам за протоколот овде“.

Не е изненадување што Меланија се одлучила за Тифани, со оглед дека нивната златарница се наоѓа на Петтата авенија во Њујорк, веднаш до кулата на Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top