Денес на Сараиште со капење во осветените води на езерото, беше одбележан Денот на рибарите, со што се заокружуваат Богојавленските празнувања.
За големиот народен собир традиционално, локалната самоуправа за сите присутни подготви рибна чорба, греана ракија и вино, плашици и пача. Вкупно 400 килограми риба беа искористени за 1.400 литри рибина чорба, односно за 6.000 порции во кои се служеше овој охридски специјалитет.
извор: Охрид 24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.