Шпанската амбасада во Париз се жали пред француските власти поради серијата напади на шпанските превозници на вино и сокови при влегувањето на територијата на Франција каде што локалните производители тврдат дека евтиниот увоз им го уништува производство и затвора работни места, пишува дневниот весник El Pais., пишува „Макфакс“.
Шпанската амбасада му порачала на француското министерство за надворешни работи дека „уште една ја осудува агресијата којашто ја претрпеле лица и средства во Франција, и ја замолува тамошната влада да преземе соодветни мерки за запирање на вандалското однесување“.
Нападите започнаа моќта од понеделникот кон вторникот во француската општина Нарбоне, оддалечена 15 километри од Средоземното Море. Цистерна со сои камион со вино таму биле запрени кога се појавила група лица со стапови, палки и сеири, изјавија сведоците од транспортната компанија „Transportes Felix“. Кога возачот на цистерната им ја покажал документацијата од која виделе дека превезува со го пуштиле да замине,но уништиле 254 хектолитри вино од другиот камион.
„Дозволивме масовен увоз на странски вина, особено од Шпанија, кои ја уништуваат секоја конкуренција. Со цената од 32 евра по хектолитар не може да се покрие ниту трошокот на винификацијата“, изјави потпретседателот на младите произведувачите на вино од регионот Гард, ЛионелПуеш, на француската телевизија TV Sud.
Протестите на француските производители ги подигнаа тензиите минатата година, почнувајќи од април, кога во близина на градот Перпинан уништија 42.000 литри шпанско вино. Шпанија тврди дека зголемен уделот на нивните вина на францускиот пазар е последица од падот на конкурентноста на локалните производители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.