| четврток, 6 декември 2018 |

Двоцифрен минус викендов: Снег и дожд во следните пет дена

Ова утро во насекаде во Македонија имаме претежно облачно и студено време, а во одделни котлини има и појава на слаба магла.

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот ќе биде претежно облачно време со услови за повремени сончеви периоди и тоа на повисоките места како и во крајните југоисточни предели. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер.  Температурите ќе бидат во опаѓање и ќе бидат под просекот за овој период од годината, минималните од -6 до 1 степен, додека пак максималните ќе достигнат до -3 односно од 5 степени.
Во вечерните часови и во текот на ноќта појава на магла кој што ќе ја имаме речиси насекаде во Македонија, а понекаде ќе услови и намалена видливост помала од 100 метри.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно облачно, ветровито и студено. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2 степени, додека пак максималната дневна до 1 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во сабота и недела во утринските часови појава на магла која што по котлините и долините на реките ќе се задржи во поголем дел од денот, додека пак во останатите предели како и на повисоките места ќе биде претежно сончево со локална облачност.  Утринските температури од -11 до -3 односно од -12 до -4 степени, додека пак максималните дневни во сабота од -1 до 6, а во недела од 0 до 7 степени. Во понеделник по магловитото утро, претпладне умерено облачно со сончеви периоди, доцна попладне и навечер продор на влажна воздушна маса од југозапад која ќе донесе врнежи од дожд и снег и само снег над 800 метри надморска висина. Температурата од -2 до 5 степени. Во вторник облачно време со слаби врнежи од дожд и снег, а над 700 метри врнежите ќе бидат од снег. Максималните температури од -1 до 5 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top