| четврток, 6 декември 2018 |

Повредата е посериозна отколку што се чинеше, Манасков нема да игра

Македонија во осминафиналето нема да може да смета на левото крило Дејан Манасков. Повредата на ракометарот е посериозна од што се чинеше во прв момент. Се работи за скинат мускул, што ќе го чини Манасков подолга пауза од натпревари и подолго опоравување.

Оваа вест е потврдена и од Франција, така што Лино Червар ќе мора да направи нова измена во составот и утре да внесе нов играч во мечот против Норвешка.

Повредата, пак, на повратникот во дресот со националниот грб, Филип Миркуловски, не е толку сериозна, односно мускулот не е скинат и најверојатно средниот бек на Вецлар ќе може да настапува веќе утре.

Осминафиналниот дуел меѓу Норвешка и Македонија се игра утре во Албервил со почеток во 16 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top