Њујоршки хотел „Волдорф Асторија“ наскоро ќе ги затвори вратите, а кога повторно ќе ги отвори, за три години, само еден мал дел од зградата, ќе служи како хотел, додека останатиот дел ќе се изнајмува.
Овој хотел е изграден кон крајот на 19 век, но зградата, во која се наоѓал е урната во 1929 година, поради просторот потребен за изградба на Емпајр стејт билдинг. Сепак две години подоцна е изградена многу поубава Асторија, која и денес изледа моќно и гламурозно.
Хотелот со богата историја од своето отворање угостил голем број славни и познати личности, кои тука не само што престојувале работно, туку и живееле.
Хотелот бил омилено место на сите американски претсдатели, почнувајќи од Херберт Хувер, за време на чиј мандат Асторија е отворена (новата Асторија). Сепак таа традиција ја прекина Барак Обама, бидејќи неговото обезбедување заклучи дека мора да отседне во побезбеден хотел, што и да значело тоа.
Токму и со американските претседатели најчесто е поврзана и споменатата линија Трак 61. Таа сообраќала од Големата централна станица се до подножјето на хотелот, така што доколку станувало збор за важен гостин, тој патувал до хотелот по подземен пат и потоа со таен лифт до својата соба.
Овој начин на патување особено го практикувал Френклин Рузвелт. Тој патувал на овој начин, бидејќи верувале или не одредено време успешно го криел фактот дека се наоѓа во инвалидска количка. По него линијата ја користеле уште неколку претседатели, а веќе неколку децении е напуштена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)