Италијанските спасувачки служби објавија дека се пронајдени шест преживеани лица во урнатините на хотелот во планинската област на централна Италија кој во седата вечер беше затрупан од снежна лавина, јави агенцијата Анса.
Спасувачките екипи oбјавија дека шестемина преживеани допрва треба да бидат извлечени од урнатините на безбедно. Операцијата за спасување се одвива многу бавно, поради стравувањето дека снегот може да ги затрупа преживеаните. Телевизијата РАИ јави дека преживеаните се лоцирани во поранешниот тавански простор од хотелот
Весникот „Република“ пренесува дека веќе се испратени спасувачки хеликоптери кои треба да ги пренесат преживеаните до болниците. Според телевизискиот канал „Реинњуз24“, преживеаните кои се спасиле со помош на „чудо“ се блокирани во зградата, откако италијанските власти претходно објавија дека се надеваат оти може да најдат преживеани во хотелот кој од јачината на лавината беше поместен десетина метри.
Неколку десетици спасувачи ја продолжуваат операцијата на спасување околу хотелот „Ригопијано“, недалеку од Фирандола на планината Гран Сасо во провинцијата Абруцо. Според процените во урнатините од хотелот се наоѓаат меѓу 25 и 30 луѓе, гости, осум вработени и можеби неколку посетители.
Италијанската служба за спасување потврди дека хотелот се нашол на директниот пат на лавината со височина од два метра во средата навечер.
Спасувачките екипи имаат големи проблеми со донесувањето на механизацијата во областа на несреќата, бидејќи снегот на планинскиот венец Гран Сасо на некои места е висок и до пет метри. Во четвртокот во раните попладневни часови тешката механизација се наоѓа на околу километар од местото на несреќата и расчистувањето уште се одвива рачно , при што досега е пронајдено телото на една жртва.
Во четвртокот утрото биле најдени две настрадани лица. Мажите биле на улица и се сокриле во автомобили. Едниот има силни смрзнатини. Според изјавата на вториот, во хотелот останале неговата жена и децата.
Хотелот „Ригопијано“ е популарна зимска дестинација со 4 ѕвездички 43 соби. Четирикатниот хотел, од кој сега само низ снегот се гледаат покривот и последниот кат, е изграден на 1.200 метри надморска височина.
Челникот на италијанската служба за цивилна заштита, Фабрицио Курчо, изјави дека процените се оти во хотелот имало вкупно триесетина гости и работени, а меѓу нив има и деца.
Лавината е покрената по четирите силни земјотреси со магнитуди меѓу 5,1 и 5,4 степени кои во средата ја погодија централна Италија. Хотелот е оддалечен 90 километри од епицентарот на потресите во Монтереале, селце близу Аматриче, уништен во разорниот земјотрес од август минатата 2016 година.
Веднаш беше издадено предупредување од лавини за целата област со кој доминира величествениот 2.912 метри висок Гран Сасо.
Оваа област е преполна со мали хотели и скијачки терени кои се особено популарни меѓу жителите на Рим и на урбаните центри на источниот италијански брег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот