| четврток, 6 декември 2018 |

Борба за првото место, мечот меѓу Германија и Хрватска е шлагерот на денот

germanija rakomet

Со одигрувањето на денешните натпревари од последното коло во групите Ц и Д на светското ракометно првенство во Франција, ќе бидат познати сите осминафинални двојки на овој мундијал. Најинтересен се очекува да биде дуелот меѓу Германија и Хрватска во рамките од групата Ц, додека Данска не би требала да има никакви проблеми против актуелниот вицешампион Катар.

Група во која буквално се е крајно неизвесно. Германија и Хрватска ќе водат битка за првото место, а европските прваци ќе бидаст значително засилени со камбекот на пивотот Пекелер, кој му се стави на располагање на селекторот Сигурдсон. Унгарија е сигурно во осминафиналето, најверојатно трета, но може да падне и на четвртото место доколку загуби од Белорусија, а Чиле не слави над Саудиска Арабија. Селекцијата на Чиле може да оствари историски успех доколку слави над Саудиска Арабија, но за пласман во осминафиналето на оваа селекција неопходно ќе биде и Унгарија во последниот меч на програмата да не загуби од Белорусија. Шанса за пласман во осминафиналето има дури и Саудиска Арабија, доколку слави со четири гола разлика, па потоа да чека триумф на Унгарија над Белорусија.

grupa c

Во групата Д Данска е сигурно првопласирана во оваа група, a актуелните олимписки прваци се големи фаворити и против Катар, селекција што без неколкуте странци делува неконкурентно за врвните европски репрезентации. Швеска и Египет во директна пресметка ќе го решат прашањето која репрезентација ќе биде второпласирана, а која трета во оваа група, додека Катар сигурно е четврти и ќе се сретне со победникот во групата Ц (селекцијата што ќе триумфира на дербито меѓу Германија и Хрватска).

grupa d

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top