Македонската ракометна репрезентација синоќа одигра нерешено против Исланд (27-27), што беше доволно за третото место во групната фаза и осминафинален дуел со Норвешка, наместо со Франција.
Иако на мечот имаше уште неколку секунди до крајот, нашите ракометари решија да не ги искористат за напад, туку само да ја фрлат топката. Ова беше договорено на последниот тајм-аут, кога Кире Лазаров соопшти дека нема да се оди на шут. Неговиот предлог беше прифатен од сите со смеа, а откако се се комплетира – на нашата среќа ѝ немаше крај.
Потегот на Лазаров на некој начин беше логичен, ако се земе предвид дека со реми нашата репрезентација остануваше на третата позиција, а репрезентацијата која одеше во наредната фаза како четвртопласирана беше Исланд. Селекцијата која извиси во оваа ситуација беше Тунис, која доживеа елиминација во групната фаза на СП поради полоша гол-разлика. Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка се игра в сабота од 16 часот во Абервил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)