Лесни победи на синоќешните дуели запишаа Кливленд и Сан Антонио, а триумфи остварија и Мајами, Минесота и Вашингтон на гостувањето против Њујорк.
Сан Антонио играше без Тони Паркер и По Гасол но стигна до победата од 118-104 против Денвер. Беше предводен од Кавал Ленард кој дуелот го заврши со 34 поени, пет скока и четири асистенции. Одличен беше и Дејонте Мареј со 24 поени, додека Ламаркус Олдриџ и Дејвид Ли постигнаа по десет поени.
Извонреден во редовите на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 35 поени, 12 скока, 4 асистенции и две блокади.
Минесота, пак, славеше на гостински терен против ЛА Клиперс со 101-104, водена од феноменалниот Карл-Ентони Таунс со 37 поени, 12 скока и пет асистенции. Најдобро го следеше Ендрју Вигинс со 27 поени и по четири скока и асистенции.
Кај домашните, кои играа без Крис Пол (операција на прстот) и Блејк Грифин, најдобар беше ДеАндре Џордан со 29 поени и 16 скока.
Кливленд славеше со 118-103 против Феникс, Мајами беше подобар од Далас со 99-95 додека Вашингтон на гостувањето против Њујорк славеше со 110-113.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)