| четврток, 6 декември 2018 |

Крв насекаде, деца летаа во воздух: Снимка од крвавиот пир во Мелбурн

Најмалку три лица загинале, а 20 биле повредени, кога маж во црвен автомобил во полн гас на сред улица почнал да се залетува во луѓе и деца и ги газел. Меѓу загинатите има и едно бебе.
Сведоците велат дека мајка со бебе во количка одлетале кога автомобилот се забил во нив.
Најмалку четири деца од вкупно 20 повредени биле префрлени во Кралската детска болница. Едно е во критична состојба, а три во тешка.
Луѓето од ударите буквално летале по неколку метри. Меѓу повредените има многу деца бидејќи во овој кварт, полн со продавници и кафулиња, имало многу родители со деца бидејќи во Австралија трае распуст.
Возачот бил уапсен, а полицискиот службеник Стјуарт Батесон изјавил дека овој инцидент е поврзан со претходниот напад со нож во метрото во јужниот дел на градот, но дека нема врска со тероризам.
“Се претпоставува дека по овој инцидент истиот човек во автомобилот ставил жена, која ја познавал од порано, и ја држел како заложник. Успеала да му побегне во областа кај мостот Болт”, стои во соопштението од полицијата.
Сè се случило во попладневните часови. Возачот тргнал кон центарот на Мелбурн, каде на една од главните раскрсници почнал да врти во круг. При бегството од полицијата, без сопирање тргнал кон пешаците во самиот центар на градот.
Потоа заминал кон трговскиот центар кој се наоѓа на улица затворена за сообраќај, намерно влетувајќи меѓу пешаците.
Агенциите јавиле дека слушнале и истрели. Полицијата во Викторија потврдила дека полицајците пукале во возачот и дека му била укажана лекарска помош на самото место.
На улицата настанал целосен хаос. Луѓето во паника влегувале во продавници за да се спасат. Итната помош пристигнала брзо и почнала да ги згрижува повредените од улицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top