| четврток, 6 декември 2018 |

На Косово се вљубиле на прв поглед – развод во кралското семејство по 11 години брак

tesa

Принцот Луј Трети, син на големиот војвода и војвотка од Луксембург, Анри и Марија Тереза, се ожени со Теси во септември 2006 година, шест месеци по раѓањето на нивниот постар син. Двојката ги има двата сина Габриел и Ноа со кои живеат во Лондон.

Меѓутоа сега принцезата Теса ги потврди гласините за развод. Во соопштението таа истакнува дека е многу тажна поради разводот, но дека секогаш ќе остане во добри односи со сопругот како би биле што подобри родители на своите синови.

tesa2

Малку е познато дека Теса и Луј се запознале на Косово. Имено Теса Ентони после завршување на средното училиште решила да се приклучи на војската на Луксембург. Од март до јули 2004 година престојувала во Косовска Митровица, во рамки на мировната мисија. Младиот принц дошол во официјална посета на војните трупи на својата земја, се вљубиле и после две години се венчале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top