| четврток, 6 декември 2018 |

Развод по само пет месеци брак – еден од најпопуларните пејачи во регионот ѝ се обрати на сопругата преку „Фејсбук“

Хрватскиот пејач Борис Новковиќ објави на Фејсбук дека се разведува.
Тој во опис на видеото кое го сподлеи со фановите напиша дека на неговиот брак со 19 години помладата Инес Катиќ му дошол крај. Борис објави снимка од концертот во чест на покојниот Кемал Монтено, а песната „Не сакаше“ и ја посвети на третата сопруга.
boris
-Сите кои превидовте неславен крај уживајте во тоа и мислете дека сте во право. Не сте, а јас ќе уживам во својата искреност и секогаш и повторно ќе се дадам целиот себе за љубов. Ако треба и четврти и петти и десетти пат. Ќе верувам во љубовта, засекогаш. И нема друг коментар. Инес благодарам – напишал Борис на социјалната мрежа.
boris2
Борис во август минатата година се ожени со 29 годишната Инес. Тие двајцата се запознале девет месеци претходно, а љубовта почнала со допишување на социјалните мрежи.
Пред неа, пејачот беше пет години во брак со актерката Бојана Грегориќ и девет години со новинарката Луција Матиќ, со која ги има синовите Ноа(6) и Боно(3).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top