| четврток, 6 декември 2018 |

Сорос: Трамп нема да успее, но не заради луѓе како мене кои не го сакаат; Републиканците и Демократите треба да се обединат и да го запрат (видео)

На неколку часа пред инаугурацијата на новиот, 45-ти американски претседател Доналд Трамп, финансиерот на Отворено Општество, милионерот и берзантски шпекулант, Џорџ Сорос, предвиде дека Трамп ќе владее како диктатор и дека нема долго да трае.

-Ќе го опишам како измамник кој би бил диктатор, но велам би бил бидејќи сум убеден дека институциите и Уставот на САД се доволно силни. Тој би бил диктатор ако би можел да го изведе тоа но нема да може.

Прашан кога би бил моментот кога Трамп би бил сопрен, дали ако тој отиде предалеку во надворешната или домашната политика, Сорос вели дека тоа не е важно, доколку двете партии, републиканската и демократската заеднички делуваат против Трамп.

-Во двата правци. Очигледно во надворешната политика има поголеми моќи, отколку дома. Но Конгресот ќе си ги заштити своите права, и кога Трамп ќе ги прекорачи своите граници ќе му биде возвратено. И ако делуваат двете партии заедно, тие ќе можат да успеат да го ограничат- вели Сорос.

Во ноември со победата на Трамп, се проценува дека Сорос загуби повеќе од една милијарда долари заради трговијата со која ќе имаше бенефит ако берзите одеа надолу. Наместо тоа, движењето на цените го чинат многу. На прашањето што виде пазарот во Трамп, Сорос вели: исполнување на нивниот сон: намалување на даноците.

-Гледаат расклопување на регулативата и намалување на даноците и тоа е нивниот сон кој им се исполнува. За американската економија тоа е многу отворено прашање, бидејќи сега го доживува врвот. Невозможно е да се предвиди како точно ќе делува Трамп, бидејќи тој не размислува за тоа. Тој не очекуваше дека ќе победи, беше изненаден. беше посветен на растење на својот бренд и неговото подобрување со привлекувањето на вниманието на луѓето. А дури кога беше избран почна да размислува што треба да прави. Јас лично мислам дека нема да успее. Не заради луѓето како мене кои би сакале да не успее, туку заради неговите идеи кои го водат, во основа се контрадикторни. Таа контрадикторност, веќе е видлива, има три  шефови на тимот наместо еден, како и неговиот кабинет. Таквата разноликост во естаблишментот ќе предизвика борба меѓу нив. Тоа во целост ќе создаде непредвидлив исход. така, сега несигурноста го достигнува врвот, а всушност несигурноста е непријател на долгорочните инвестиции, па така не мислам дека пазарите ќе минат добро- предвидува Сорос во интервју за Блумберг од светскиот економски форум во Давос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top