Н0рвежаните не ја кријат својата радост дека во осминафиналето ќе играат против селекцијата на Македонија. Според норвешките медиуми, ракометарите на оваа земја многу повеќе за прв ривал во нокаут фазата ја посакувале Македонија, отколку репрезентацијата на Исланд, која игра сличен стил на ракомет како и Норвешка, брзо, со многу контранапади…
-Норвешките ракометари го добија тоа што го посакуваа. Бјарте Мирхол и компанија се фаворити против Македонија за пласман во четвртфиналето на Светското првенство“, пишува норвешкиот „Дагбладет“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.