Филип Талески, младиот бомбардер на македонската ракометна репрезентација е задоволен од изданието на нашиот национален тим против Исланд (27-27). Вели дека ова е голем резултат за нашата земја и дека нерешениот исход е задоволителен ако се земе предвид дека како третопласирани одиме во наредната фаза.
– Нерешено е нерешено, освоивме бод и го задржавме третото место во нашата група. Ќе одиме на Норвешка, кој не очекува доста брзо. Мора да се оправиме, имаме повредени играчи, се надевам дека ќе се средиме. Знаевме што не чека, доста тежок напревар, но оваа „нова Македонија“ има нов менталитет да игра до крај. Тоа го покажавме на неколку натпревари до сега. Посебно, последните десет минути се вративме од -4. Имавме напад за победа, но не сакавме да ризикуваме. Дојдовме до посакуваниот резултат – изјави Талески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.