Според однапред зацртаниот план македонската ракометна репрезентација утре од 11.30 часот со чартер лет кој нема да трае подолго од еден час од Мец ќе отпатува за Албервил, каде в сабота од 16.00 часот ќе го одигра натпреварот од осминафиналето со Норвешка.
Овој дуел е историска шанса за наше прво четвртфинале на Светските првенства, откако претходно пречесто сме паѓале на осминафиналниот тест. Во текот на вечерта се очекува потврда за терминот на утрешниот официјален тренинг на местото каде ќе се игра натпреварот.
Утре со магнетна резонанца ќе биде утврдена сериозноста на повредите на Миркуловски и Манасков, иако таа на средниот бек загрижува. „Фалангата“ во раните утрински часови со автобус ќе замине за Албервил, каде ќе дојдат нови наши навивачи во обид да испишеме нова историја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.