| четврток, 6 декември 2018 |

Жената која му се спротивстави на лондонскиот убиец: Не се плашев, подобро јас отколку некое дете

Бруталниот напад во Лондон, кој вчера ја шокираше јавноста во целиот свет, можеше да заврши со поголем број жртви да не беше жената по име Ингрид Лијо-Кенет. Штом го здогледала телото на улица, излегла од автобусот и почнала да разговара со нив за да ги спречи понтамошните убиства.

– Ми рече дека сакаат да ги почекаат и полицајците за и нив да ги убијат – рекла Лијо-Кенет.

344022_vulvic1_ff

Ингрид, инаку водач на млади извидници и мајка на две деца, истакнала дека не се плаши од исламските фундаменталисти.

– Подобро јас да настрадам отколку некое дете – прокомрнтирала Ингрид, а пренесува „Дејли мејл“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top