| четврток, 6 декември 2018 |

Плаќање само со допир – нови платежни картички на „Халкбанк“

„Халкбанк“ синоќа ја претстави својата нова услуга на пазарот во Македонија – платежните картички „мастеркард пејпас“ (MasterCard PayPass) за бесконтактно плаќање.

Исплатата со новите картички функционира исто како и традиционалното плаќање со платежните картички „мастеркард“, но целиот процес е многу поедноставен и побрз отколку кога се користат готови пари, со што купувањето станува полесно од кога било.

hal-1

– Новата технологија „пејпас“ претставува дел од една ера што „Халкбанк“ ја следи и им ја обезбедува на своите клиенти. Искористете ја можноста да плаќате на уникатен начин додека брзате и не пропуштајте ги важните моменти во вашиот живот – изјави Главниот извршен директор на „Халкбанк“  Скопје, Неџдет Палачки.

Ова е првиот и досега единствен платежен метод во земјава со кој на купувачите им се овозможува полесен и побрз начин на плаќање, без да мораат да ја повлечат картичката низ платежниот терминал, да им ја предадат на касиерите, ниту, пак, да се потпишат на потврдата за исплата. Таквите трансакции за кои не е потребна авторизација со ПИН или своерачен потпис се ограничени на 1.200 денари.

hal2

– Невозможно е при плаќање некој да ги злоупотреби личните податоци на имателот на картичката. Дури и клиентот по грешка да ја допре картичката двапати до терминалот, не може да биде задолжен повеќе од еднаш – изјави на синоќешната конференција за печат  директорот на Дирекцијата за алтернативни канали на дистрибуција и платежни картички во „Халкбанк“ Скопје, Владо Цветковски.

Картичката е дизајнирана да обезбеди брз и лесен начин на исплата со што се подобрува положбата на купувачите при плаќањето, како и се зголемува чувството на безбедност бидејќи картичката останува под контрола на сопственикот во текот на целата трансакција.

hal4

„Мастеркард пејпас“ картичката ќе може да се искористи на сите продажни места во земјава каде што брзината на плаќањето е од големо значење и се поставени ПОС-терминали на „пејпас“, како што се: супермаркетите, рестораните за брза храна, бензиските станици, кина, такси превоз и слично.

– Веруваме дека овој производ ќе создаде нови начини, како и деловни вредности и можности на пазарите за микроплаќање, особено во транспортот, на автопатиштата, при брзото купување на производи за широка потрошувачка и на универзитетските кампуси – изјави Ерол Конџу, заменик на генералниот директор на „Халкбанк“ Турција и директор за информатички системи и технички услуги.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top