| четврток, 6 декември 2018 |

ХАЛКБАНК со нова филијала во Илинден

Главниот извршен директор на банката, Неџдет Палакчи, заедно со градоначалникот на општината Илинден, Жика Стојановски, ја отворија новата филијала на Халкбанк во населбата Илинден.

Почнувајќи од денес, на правните и физички лица од оваа општина ќе им бидат на располагање сите производи и услуги на банката – штедни влогови, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, трансакциски сметки, менувачко работење, Western Union трансфер на пари, VISA, MasterCard и Maestro платежни картички, електронско банкарство  и друго.

Во оваа прилика, господинот Палакчи му се заблагодари на градоначалникот за поддршката: “Среќен сум што денес официјално отвораме уште една филијала, со што се проширува семејството на Халкбанк. Верувам дека отворањето на филијалата ќе придонесе за уште поголем развој на оваа општина, која се наоѓа на стратешки одлична позиција и е во постојан раст. ”

Градоначалникот на општината Илинден, Жика Стојановски, исто така го изрази своето задоволство. “Би сакал да им се заблагодарам на сите кои се заложија да се отвори оваа филијала. Поддршка од една сериозна банка е многу значаен сегмент за одржливиот развој на општината, особено кога се работи за една од најголемите и најуспешните банки во регионот.”

Дистрибутивната мрежа на Халкбанк сега брои вкупно 28 филијали и експозитури во 12 градови низ државата. Од банката изјавуваат дека следна цел е понатамошно проширување на мрежата со цел да се зголеми достапноста до клиентите, како и подготовка и понуда на нови атрактивни производи.

Халкбанк е специјализирана банка во областа на кредитирање на  мали, средни претпријатија и големи компании, со што се отвора додатна можност за развој на бизнисот во општината, како и поддршка на веќе постоечките компании кои имаат потреба од партнер во своето бизнис раководење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top