| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци: „Вонбрачната“снаа и украла 18 000 денари на свекрвата, таа ја пријавила во полиција

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Ј.М. (44) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавената во Кавадарци во периодот додека престојувала во куќата на Е.В. со кого живее во вонбрачна заедница, од паричникот на Е.А., мајката на Е.В., со којашто живеат во заедница, ја зела нејзината банкарска картичка и на 04.01.2018 година во Кавадарци од банкомат на банка, неовластено подигнала 18.000 денари, по што картичката ја вратила во паричникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top