| четврток, 6 декември 2018 |

„БиХ ерлајнс“ пак ќе лета за Скопје

Босанскиот национален авио превозник „БиХ ерлајнс“ наскоро ќе почне со летови до скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Летовите од Сараево до Скопје треба да почнат на први април , ќе се лета со авионите од типот „АТР72“, а ќе сообраќаат четирипати неделно.

Босанската компанија планирала да почне со летови до Скопје во текот на зимата, но поради зимските празници летовите се одложени до пролет.

Покрај враќањето на „БиХ ерлајнс“, од февруари се очекува од скопскиот аеродром до Копенхаген да почне да лета компанијата „Нордик ер“, а се очекува и проширување на бројот на дестинациите до кои ќе лета „Виз ер“.

Вкупно четири авиокомпании од поранешната Југославија летаат од скопскиот аеродром: „Адрија“, „Корација“, ЈАТ и „БиХ ерланјс“. Сите тие се вклучуваат во битката за транзитните патници што летаат преку скопскиот аеродром.

Ако сака да го урне рекордот од еден милион патници постигнат во 2000 година, аеродромот „Александар Велики“ оваа година ќе мора да го зголеми за 20 проценти бројот на патници, кој во 2012 година изнесуваше 828.831.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top