Терористот кој го извел нападот на божиќниот саем во Берлин, Анис Амири, кратко по нападот позирал пред надзорните камери со испружен показалец, знак на препознавање на терористичката Исламска држава, наведува „Дојче веле“.
За разлика од муслиманите, кои тој знак го користат во молитвите, многу луѓе на Западот таа гестикулација ја поврзуваат со нешто сосема друго – со терористите на Исламската држава.
Секогаш се гледаат џихадисти како го покажуваат десниот показалец пред камерите, а нивните симпатизери ширум светот го прават истото.
И таканаречениот “калиф” Ибрахим Авад Ибрахим ал Бадри, познат како Абу Бакр Ал Багдади, тој знак го покажал во своето досега единствено видео-обраќање, снимено во 2014. година.
Испружениот показалец е двозначен симбол: во исламскиот контекст знакот означува „единствениот Бог кој се сфаќа како најголема моќ на која човекот треба понизно да се покори”.
Покрај класичниот исламски контекст, испружениот показалец истовремено е изразување и на самодоверба. Тој има нешто заканувачко и авторитарно, истакнуваат експертите.
Експертот за исламизам, Вилијам Мекентс, наведува дека терористичката организација во своето име го формулирала и арапскиот збор за држава – „давла”, која може да означи и една модерна национална држава и да предизвика сеќавање на средновековните калифати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бизнисмен си го исече прстот, го завитка во банкнота и…
-
Докторот сакал да го сече прстот, златарот прстенот, но дошол инженерот и ја завршил работата
-
Што значи показалецот, кој терористите го покажуваат после напад?
-
Терористите на ИД после секој масакр прават исто движење: Како испружениот показалец стана симбол на злото