Терористите на „Исламска држава“ после секој масакр прават исто движење: го покажуваат исправениот показалец-религиски симбол кој музлиманите го користат во текот на „сведочењето на верата“ (шехадет), наведуваат стручњаците од областа на безбедноста.
Терористот кој го изведен нападот на божикниот саем во Берлин, Анис Амри кусо по нападот позираше пред безбедносните камери со испружен показалец, знакот за распознавање нас терористичката „Исламска држава“, наведува „Дојче веле“.
Постојано гледаме џихадисти како го покажуваат показалецот од десната рака пред камерите, а нивните симпатизери и помагачи ширум светот го прават истото.
И т.н. „калиф“ Ибрахим Авад Ибрахим ал Бадри, познат како Абу Бакр ал Багдади, го покажа тој знак во своето досега единствено видео-обраќање, снимено во летото 2014 година.
Испружениот показалец е двоен симбол: во исламски контекст тој го означува „единствениот Бог кој се сфаќа како најголема моќ на која човекот треба понизно да и се покори“.
Освен класичниот исламски контекст, испружениот показалец на десната рака истовремено претставува и искажување на самодовербата. Тој има и нешто заканувачко и авторитативно, истакнуваат стручњаците.
Експертот за исламизам Вилијам Мекентс наведува дека терористичката организација го формулирала во своето име и арапскиот збор за држава -„давла“, кој може да означува и една модерна национална држава и да предизвика сеќавање на средновековните калифати.
Но, „Њујорк пост“ тој симбол го означува како „џихадистички еквивалент на ознаката на некои разбојнички банди“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Шекеринска потврди: Точно е дека СДСМ предложи албански симболи на парите
-
Запленета дрога на Исламската држава вредна 50 милиони евра