Во првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Кралот во Шпанија од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Селта Виго кој се одигра синоќа на „Сантијаго Бернабеу“, гостите од Виго приредија нов шок за домашните фанови, славејќи победа од 1-2. Фудбалерите на Селта Виго ја забележаа првата победа против Реал Мадрид по 2006 година.
Ова е втор натпревар по ред во кој Реал Мадрид е поразен по оној од Примера дивизија од Севилја.
Во првиот дел фудбалерите на Реал Мадрид се обидуваа да го скршат отпорот на гостите, кои одигра храбро и не дозволија „кралскиот клуб“ да го отвори резултатот пред одморот. По паузата „кралевите“ продолжија со нападите, но гостите први стигнаа до реализација со голот во 64.минуа кој го постигна Аспас.
Домаќините се вратија во игра по прекрасната бомба на Марсело, но по само две минути во еден контра напад погоди Џони за 1-2 и нова радост за гостите. До крајот домаќините се обидуваа да постигна барем гол за реми, но не успеаа во намерите и на реваншот ќе мора да бркаат победа. Посебно големо беше промашувањето на Бензема во последните мигови од мечот.
Реванш натпреварот се игра следната недела, а работата на Реал Мадрид ќе биде многу отежната ако се знае дека никогаш во историјата не поминале во Купот откако во првиот натпревар на домашен терен биле поразени со 1-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)