| четврток, 6 декември 2018 |

Британската премиерка Тереза Меј позираше во кожени пантолони за „Вог“

Британската премиерка Тереза Меј во почетокот на месецот облечена во кожени пантолони позираше за американското издание на магазинот „Вог“. Фотосесијата е дело на многу познатата американска фотографка Ени Лејбовиц.

Позирањето се случило во службената селска резиденција на британските премиери, каде што Меј го дала интервјуто за ова модно списание. Фотографиите и текстот ќе бидат објавени во априлското издание на „Вог“.

Британската лидерка е позната по љубовта кон модерните и необични чевли и скапата облека. Меј е долгогодишна обожавателка на модното списание „Вог“.

Кога новинар на „Би-би-си“ во интервју во 2014 година ја прашал кој луксузен предмет би го одбрала за на пуст остров, одговорила дека би сакала доживотна претплата на „Вог“.

Минатата година Меј беше под лупата на јавноста поради тоа што за некој весник се фотографирала во кожени пантолони кои наводно чинеле 995 фунти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top