| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј се повреди но ќе се обиде да продолжи на Австралија опен

endi marej

Светскиот рекет број 1, Британецот Енди Мареј го повреди скочниот зглоб на десната нога на мечот против Андреј Рубљев. Мареј не побара медицинска помош, но на своите најбиски за време на мечот им довикнал дека „ногата го убива“.

– Доживеав дисторзија, ќе ставам мраз па ќе видиме. Добро се движев потоа, мислам дека не е ништо сериозно. Морам да бидам на посакуваното ниво и да играм многу добро за да го победам Квери, кој на последниот Вимблдон го победи Ѓоковиќ – рече Мареј за британските медиуми.

Енди Мареј во Мелбурн е прв носител и го брани првото место на АТП листата, па по вторпат во кариерата се наоѓа под ваква закана, откако во декември минатата година во Лондон на завршниот Мастерс го победи Ѓоковиќ и остана на првото место на крајот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top