Репрезентацијата на Германија ја победи Белорусија со 31-25 и со максимални четири победи ја држи лидерската позиција во Групата Ц во Руен.
Решаваќчката преднсот Германија ја постигна во второто полувреме. Белорусите држеа чекор во првиот дел и на одмор заминаа со 16-16. Но упте на стартот на второто полувреме, Германија влезе со серија од 3-0 и потоа ја одржуваше позитивата до крај.
Генсхајмер одново беше најефикасен кај Германците со 8 погодоци пред Фат, кој беше непогрешлив од поле со 6.
Без загубен бод во оваа група е и селекцијата на Хрватска која вечерва од 20.45 часот.
Максимални четири победи во групата Д има репрезентацијата на Данска која денеска потешко од очекуваното го победи Бахреин со 30-26. Она што требаше да биде рутина, на крај испадна тежок натпревар за актуелните олимписки шампиони. Левиот бек, Ласе Андерсен заработе повреда на коленото, а Микел Хансен кој доби црвен картон и поголемиот дел од второто полувреме го следеше од трибините.
Предводници на данската репрезентација во отсуство на бомбардерот Хансен беа Тофт со 6, односно Дамгард со 5 погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.