| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Имавме контакти со Албанците, ќе ги решиме проблемите

ву

Српскиот премиер Александар Вучиќ верува дека проблемите во односите на Белргад со Приштина ќе бидат решени на мирен, рационален и разумен начин и истакнува дека оклопни возила не се дел од решението, јави ТАНЈУГ.

– Имавме посебни контакти со Албанците во Косово, и верувам дека сите проблеми ќе ги решиме на мирен, рационален и разумен начин – изјави Вуќчиќ во Давос.

Тој додаде дека оклопните возила и нишаните не водат кон ништо и не се дел од решението. Вучиќ наведе дека ако нема за нешто пишан договор тоа не е пречка да се почитува устниот договор.

– Во Брисел има само два договора во пишана форма, двапати нешто потпишувавме, а се останато е устен договор. И за мостот во Косовска Митровица и за Телеком, се до конечно парафирање, се е во устена форма- потенцира Вучиќ.

Тој додаде дека е уверен оти Србија ќе остане стабилна и цврста и тоа ќе значи и економски успех и подобар животен стандард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top