| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО одново и одново потврдува дека е партиски огранок на СДСМ (ВИДЕО)

Од самото формирање до денес СЈО со своето делување постојано да се труди да ги убеди граѓаните дека е продолжена рака на СДСМ и негова алатка за доаѓање на власт. Со секој нов негов чекор е евидентно дека СЈО одработува за СДСМ и во судските процеси за криминалите за кои Заев е заглавен до гуша наместо да ја извршува улогата на обвинителство се става во улога на бранител на Зоран Заев.

katica-janeva-zaev280
Јавноста многу добро ја памети изјавата на Зоран Заев од лани во февруари, од партискиот митинг во Капиштец, во која тој пред насобраните изјави:

– Не само што има формирано Специјално обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже и притвори за овие криминалци што ја водат државата.

Дополнувајќи, тој рече:

– Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова специјално обвинителство, е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите.

Оваа изјава на Заев своето вистинско значење го доби денес, кога обвиниелството за кое што вели тој дека го формирал, го повлече обвинението против него во случајот „Пуч“.

Во случајот „Пуч“ , Заев беше обвинет за насилство врз претставници на највисоки државни органи. Јавноста добро ги знае видеата на кои Зоран Заев лично и со свои зборови во премиерскиот кабинет во Владата на Република Македонија се фали дека прислушуваните разговори, кои тој ги нарече бомби, му се дадени од странски тајни служби и се обидува со нив да уценува со цел да дојде до смена на власта.

puc zaev verusevski

Во „Пуч“ заедно со Заев обвинети се и Зоран Верушевски, Соња Верушевска и Бранко Палифров. Звонко Костовски е петтообвинетиот, кој веќе го призна делото и издржува затворска казна – што го прави повлекувањето на обвинението на СЈО уште поапсурдно, односно е јасно дека се работи за директна нарачка на СДСМ и центрите кои сакаа насилна промена на власта преку „бомбите“, за што подоцна и го инсталираа тројанскиот коњ во македонскиот правосуден систем, СЈО.

verusevskired-sud-9-custom

Сите обвинети во „Пуч“ освен оној кој ја призна вината, еден по еден беа „помилувани“ од СЈО. Најпрвин Катица Јанева го ослободи од притвор Зоран Верушевски, при што следуваше фејсбук статус на Соња Верушевска, која јавно му се заблагодари на Зоран Заев.

verus-sonja-360x356

„Најголема благодарност упатувам до лидерот на СДСМ Зоран Заев“, напиша тогаш Соња Верушевска.

Останаа неодговорени прашањата дали Зоран Верушевски објаснил пред судот кој бил чадорот од скајп комуникацијата која беше пронајдена во неговиот компјутер, дали Верушевски објаснил на што мислел кога заедно со другите осомничени меѓу себе најавувале граѓанска војна во Македонија по урнек на Украина и низа други прашања. Јанева го ослободи Верушевски без збор, а тој не даде никакви одговори.

graganska-vojnaverus

Исто се случи и денес. СЈО и Јанева го ослободија и Зоран Заев од кривично гонење, аболицирајќи го по втор пат, а јавноста сѐ уште не дозна која е странската тајна служба која му ги дала прислушкуваните разговори на Зоран Заев, нешто што тој самиот го призна во снимките од премиерскиот кабинет.

Доколку СЈО не даде одговор на прашњето која е странската служба која му ги дала разговорите на Заев и како таа странскаа служба снимала во Македонија толку голем временски период и толку многу луѓе, сериозно и оправдано ќе е сомнението дека и СЈО е продукт на истата странска тајна служба, зошто со секое свое дејствие работи за забошотување на сите предмети против Зоран Заев и Зоран Верушевски.

zoran-zaev-nikola-gruevski-56e0a4cac26ae371df63c01a78826a23_view_article

Логичен е и заклучокот дека сите одложувања на судските рочишта, средби со амбасадори, па свадби на ќерки, па пак средби со амбасадори и конзули, па службени патувања и што ли уште не, беа само купување на време за да дојде погоден момент за денешниов акт на СЈО, со кое го ослободи својот „создавач“ во екот на преговорите меѓу партиите за формирање влада.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top