| четврток, 6 декември 2018 |

Каде најскапо ќе ве потстрижат?

Аналитичарите од глобалниот финансиски сервис UBS, на ниво на светските метрополи, направија истражување каде се најскапи фризерските услуги односно конкретно кога е во прашање потстрижувањето.

Од добиените податоци, аналитичарите утврдиле дека постои пропорционален однос помеѓу просечната плата на населението и цената на фризерската услуга.

Како што и може да претпоставиме, во поголем број од случаите, жените плаќаат повеќе за потстрижување отколку мажите.

Во Џакарта и Хонг Конг, жените плаќаат иста цена со мажите, додека во Даблин и Каиро, жените плаќаат речиси три пати повеќе за потстрижување од мажите.

Најскапо оваа услуга се плаќа во Осло и чини во просек 95 американски долари.

kade-vo-svetot-e-najskapo-potstrizhuvanjeto-011

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top