Кејт Мидлтон традиционално присуствува на натпреварите на Вимблдон, а луѓето на фотографиите забележаа дека војвотката ја скратила косата. И тоа 10 цм, за кои зборува цела Англија. Зошто? Затоа што Кејт не е обична жена. Нејзиното потстрижување може да укажува на тоа дека Велија Британија го менува правецот, врти нов лист. А можеби значи откажување од Брегзит?
Едноставно, кога ќе се потстриже Кејт, тоа е исто аккода се потстрижала цела Велика Британија, а сите знаеме во кои ситуации жената ја менува фриузурата. Затоа и британските, а и светските таблоиди почнаа да шпекулираат што би можело тоа да значи.
Зошто решила токму во овој момент оваа фина и одмерена жена да ја смени фризурата? Што зборува тоа за состојбата во државата? Какава порака им испраќа на сонародниците и уште поважно – што ќе рече светската јавност?
Веројатно ништо нема да каже, но Лондон има нова тема на разговор по терористичките напади и пожарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.