И Шпанија и Исланд имаат свои проблеми со составување на ростерот, поготово Исланѓаните каде што фалат неколкумина стандардни репрезентативци, мислам дека треба да настапиме борбено и не сме без шанси во двата натпревари, изјави за „Република“ поранешниот ракометен репрезентативац Стевчо Алушовски говорејќи за следните два противници на македонската репрезентација на Светското превснтво во Франција.
– И во шпанската селекција недостигаат доста играчи кои изминативе години беа ностели на играта. Фокусирани се на играта во одбрана и знаат дека таа на големите првенства ги добива натпреварите. Имаат 4 исклучително квалитетни и брзи крила кои секоја грешка на противникот ја користат за да направат брза трансформација и постигнат лесен гол. Играат модерен ракомет и имаат добар селектор. Можеби мал хендикеп за нив е тоа што освен Барселона во домашното првенство немаат други посериозни конкуренти. Реално, поквалитетни се од нас, меѓутоа Македонија секогаш знаела на големите турнири да победи еден голем ривал. Да се надеваме дека тоа ќе биде Шпанија, оцени Алушовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како навива секој од хороскопските знаци на Светското првенство?
-
Ангела Прилепчанска ја претстави за прв пат Македонија на Светско првенство во уметничко лизгање (видео)
-
Турчинот Гулиев е наследникот на Усеин Болт (видео)
-
Вечерва ја бодриме Македонија: Кошаркарите против Косово ги започнуваат квалификациите за СП