| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен бруталниот план на крвникот од Истанбул, еве што го спречило да го изврши

Абдулкадир Машарипов, терористот кој во новогодишната вечер убил 39 луѓе во еден од најпопуларните истанбулски ноќни клубови, признал дека е виновен и потврдил дека тоа го направил име на ИСИС.

Турските медиуми денес пренесуваат делови од неговите изјави во текот на испрашувањето во полицијата.
_93622004_037306961-1
Признал дека наредбите ги добивал директно од Сирија, но дека првиот план бил многу поразличен од тој што го извел на крајот. Терористот рекол дека наредбата од Рака гласела да го нападне плоштадот Таксим.

-Пристигнав на Таксим нешто пред полноќ, но имаше премногу безбедносни сили. Едноставно, беше невозможно да нападнам таму, рекол Машарипов.

-Добив наредба да пронајдам нова мета. Седнав во такси во околу 22 часот, и се возев по брегот на Босфор. Го видов клубот Реина и веднаш знаев дека не е лоша мета. Обезбедувањето беше многу слабо, рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top