| четврток, 6 декември 2018 |

„Оревокршачка“ викендов на сцената на МОБ

Македонската опера и балет во месец jануари  на својот репертоар ќе ја постави популарната претстава „Оревокршачка“.

Се работи за детска бајка чиј автор Т.А.Хофман, дејствието го поврзал со празнувањето на големите празници. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го пишува либретото, а музиката ја компонирала Петар Илич Чајковски.

Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени. За таа цел во сабота, 21.01. и во недела, 22.01.2017 г. со почеток во 12 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет е веќе закажана популарната „Оревокршачка“.

-Се надеваме на радост на нашата најмлада публика, иако претставата е приемчива и за останатите возрасти, велат од МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top