| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се самоамнестираше преку СЈО за да ја продолжи кризата

Прекинот на случајот „Пуч“ од Специјалното јавно обвинителство не изненади никого, дури и се очекуваше тоа да се случи многу порано. Всушност, ваквиот исход беше јасен уште кога на 5 октомври 2015 година по третпат беше одложено судското рочиште за случајот во кој четвртообвинет е Зоран Заев.

Заев ниту тогаш не се појави во судница, а неговиот адвокат Филип Медарски пренесе дека Заев „е подготвен“ да присуствува на сите рочишта, но само ако случајот се додели на Катица Јанева и нејзиниот тим. Заев и тогаш беше оправдан за неприсуството на закажаното рочиште со средба со италијанскиот амбасадор.

zoran-zaev-nikola-gruevski-56e0a4cac26ae371df63c01a78826a23_view_article

Четворицата обвинети во „Пуч“, лидерот на СДСМ Зоран Заев, ексразузнавачот Зоран Верушевски, неговата сопруга, порaнешен вработен во тајната полиција Ѓорѓи Лазаревски, Звонко Костовски, вработен во МВР, како и Бранко Палифров вработен во општина Струмица се товарат за шпионажа, насилство врз преtставници на највисоките државни органи, неовластено прислушување и за тонско снимање.

Рочиштата за овој случај по преземањето од СЈО постојано се одложуваа, меѓу другото лани и поради свадбата на ќерката на Јанева за што таа побара застој од два месеца, од 2 март до 3 мај.  Претходно двапати од СЈО се бараше одложување поради „увид во предметот“.

zaev verus katica

Заев ниту тогаш не се појавуваше во судница, но затоа Катица Јанева го ослободи од притвор првоосомничениот Зоран Верушевски, чин кој правниците го коментираа дека е направен без никакво образложение. Затоа пак сопругата на Верушевски, Соња, веднаш по барањето за ослободување на нејзиниот сопруг од притвор кое го упати Катица Јанева, наместо на Јанева му се заблагодари на Зоран Заев, што дополнително ја покажа спрегата меѓу Заев како нарачател, а Јанева како негова марионета.

-Најголема благодарност упатувам до лидерот на СДСМ, г-динот Зоран Заев – напиша Соња Верушевска.

verus-sonja-360x356

Во ноември лани стартот на судењето беше одложен бидејќи две судијки поротници немале безбедносен сертификат, а Јанева го искористи моментот да спинува дека „судот манипулира“. Од Судот потоа посочија дека „Беа одржани 10 главни расправи од кои шест беа одложени бидејќи обвинетите постојано беа на службени патувања, потоа три расправи беа одложени по барање на СЈО, од кои една расправа заради приватна прослава на обвинителката Јанева, а само минатата расправа беше одложена заради болест на еден од судиите – поротници“.

Во меѓувреме СЈО подготви терен за амнестирање на Заев, приредувајќи циркус во кој презентираше наводен случај дека Власта самата себеси се прислушувала, а потоа снимките му ги предала на Зоран Заев за да ја уценува. Оваа претстава се одржа во очи на почетокот на изборната кампања. Уште потрагичен факт беше најавата и апелот на обвинителката Фатиме Фетаи од таа претставата на СЈО на која упати политичка порака за кого да се гласа, што е вон сите обвинителски, правни, професионални стандарди.

biljana-vankovska

Но, и овој настап на СЈО беше проѕирен особено кога него (повторно) го најави лично Зоран Заев во интервју за еден неделник, каде стои дека СЈО ќе отвори нова истрага посветена на прислушувањето, за да направи пресврт во случајот „Пуч“, односно пред изборите СЈО да го сврти вниманието ја јавноста од Заев на Груевски, пред сѐ за да не пропадне целиот концепт на СЈО, а со тоа Заев да го изгуби институциолизираното оружје.

–Јас очекувам дека СЈО во текот на ноември, ако не ја соопшти вистината за прислушувањето во судница, во рамки на судењето за „Пуч“, што е тешко веројатно затоа што судот го одложи процесот на неодредено со цел до избори Груевски да не се појави да сведочи, тогаш ќе објави отворање нова истрага, посветена токму на прислушувањето. Колку телефон биле ставени во системот за следење и како е изведена целата операција. И не само што очекувам детали за ова пред избори, туку знам дека ќе има цврсти докази, со име и презиме и со конкретни дејствија. Не исклучувам дека ќе има и сведоци- рече Заев во интервјуто за „Фокус“.

zaev-za-fokus-640x366-520x297

Не смее да се заборави дека уште на 25 февруари 2015 година судот донесе правосилна судска пресуда за Звонко Костовски еден од обвинетите во случајот „Пуч”, по претходно јавно признание за стореното кривично дело за кое се товари ова лице во случајот „Пуч”. Костовски дал признание за сите аспекти, актери, дејствија, околности и други детали поврзани со овој случај. Но, тоа за Јанева и нејзините обвинители, роднини и пријатели блиски до СДСМ, нема улога во случајот.

presuda 1

-СЈО работи паралелно со ЈО, но од страната на СДСМ, а доказ за тоа е и фактот дека од она што беше изнесено на прес-конференцијата на СЈО, случаите „Пуч“, што го отвори Јавното обвинителство на РМ, и „Таргет“ на СЈО кажуваат една иста работа – УБК прислушкувала нелегално. Снимките ги изнел вработен во УБК, му ги дал на надворешно лице и на крај тие завршиле кај Заев и Верушевски, кои ги искористија. Единствено постои дилемата дали лицето што снимало, снимало по налог на Верушевски или на Мијалков, односно кој наредил да се внесуваат тие броеви во системот. Според верзијата на Катица, треба да поверуваме дека Мијалков издал наредба сам себе да се снима, и треба да веруваме дека удбашки пацов како Верушевски бил до толку згрозен од оваа вмровска злоупотреба на УБК за политички цели што решил како Едвард Сноуден од наше маало да излезе во јавноста и да ги разоткрие злоупотребите на лошите вмровци – коментираше јавноста по најавата за случајот на СЈО пред изборите со оценка дека во ова ниту дете не би поверувало.

katica-janeva-fatime-lence-sjo-2

Сите дејства кои ги презеде Јанева во однос на прибирањето докази за најважната работа како оправдание за постоењето на СЈО- да се открие кој прислушивал и расчистување на случајот „Пуч“- паднаа во вода уште на почетокот, кога во СЈО не е направен записник за тоа што и колку им било предадено од СДСМ; потоа со несовпаѓањето на бројот на предадени аудио- материјали во СЈО со тоа што го посочуваше Заев дека го поседува; следеа молкот на СЈО по пронаоѓањето на материјалите кај Захир Бекири- Чауш, како и низата нови емитувани разговори во јавноста од истата фонотека.

Со денешната одлука СЈО покажа дека ја има загубено основната улога заради што беше формирано. Имајќи ги, пак, предвид односите на Јанева и нејзиниот тим со Заев и СДСМ, туркањето на „Пуч“ е само уште еден однапред подготвуван циркус со кој Заев се самоамнестираше од одговорноста за општествената криза и обидот таа да продолжи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top