Поголемиот дел од улиците во Струмица се уште се непроодни, замрзнати и неисчистени. Додека струмичките улици се во катастрофална состојба, градоначалникот Зоран Заев со импровизирано трактoрче се справува со снегот, објави порталот „Журнал“.
Тротоарите низ Струмица се цели со снег и голомразица, а резултат на тоа се многубројните скршеници на граѓаните од сите возрасти, кои се повеќе ги полнат ходниците во општата болница.
Заев и локалната самоуправа не ги чистат струмичките улици, па граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со снегот и мразот. Не се расчистени ниту главните улици, а тоа не е ни чудно ако се види со каква „механизација“ се служи Заев во справувањето со снегот, импровизирано тракторче без регистерски таблички, пишува „Журнал“.
Возилата едвај се движат по една лента на главниот булевар во Струмица, кој исто така не е исчистен од снегот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.