Вториот меч од финалето на Лигата во футсал во Србија меѓу екипите Економец и Марба ќе остане запаметен во фудбалската историја на оваа балканска земја не поради фудбалските мајстории, туку поради инцидентот што го предизвика судијата на две минути пред крајот на првиот дел.
Судијата Саша Стафановиќ од Ниш предизвика невиден скандал откако со глава го удри в лице голманот на домаќините Миодраг Аксентијевиќ. За да се спречи поголем инцидент, мораше да интервенира обезбедувањето.
По кошкањето на теренот, двајцата судии и делегатот решиле да се прекине натпреварот при резултат 2-2. Судијата бил приведен в полиција каде што ќе биде задржан 48 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“