Групата Б на Светското првенство во Мец е група со најмногу возбудувања и со најдобрите стрелци на шампионатот. Нашиот Кирил Лазаров со 31 гол останува водечки стрелец по три одиграни кола во сите четири групи.
Лопез од Ангола со 26 и Банур од Тунис со 24 погодоци се веднаш зад Лазаров, но и за двајцата следуваат поинакив тип на натпревари, небитен петти меч од групната фаза и Президент Купот. Каралек од Белорусија постигна 23 гола, Сагосен од Норвешка е автор на 23 и Бјорнсен од Норвешка има 22 гола веднаш зад најдобрите на четвртото, петтото и шестото место.
Лазаров вечерва против Шпанија и в четврток против Исланд ќе ја заврши групната фаза, а од селекторот Червар зависи колкава минутажа ќе му даде на нашиот капитен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.