Двата швајцарски фаворити за освојување на Австралија опен забележаа победи во второто коло.
Роџер Федерер се справи со Американецот Ноа Рубин и го совлада so 3-0 (7-5, 6-3, 7-6) во сетови. Во третото коло Федерер ќе се сретне со Томаш Бердих. Чехот беше подобар од Американецот, Рајан Херисон.
Стен Вавринка со лесни 6-3, 6-4, 6-4 го победи Американецот Стив Џонсон. Кеи Нишикори беше подобар од Французинот Жереми Шарди со 6-3, 6-4, 6-3, Цонга го надигра Србинот Душан Лајовиќ со 6-2, 6-3, 6-3.
Миша Зверев и Изнер одиграа маратон во пет сета, по кој се радуваше Германецот – 6-7, 6-7, 6-4, 7-6, 9-7. Во третото коло има место и за Сем Квереј, кој го победи Де Минаур од Австралија со 7-6, 6-0, 6-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.