| четврток, 6 декември 2018 |

Инер дури по продолженија го скрши отпорот на Болоња за четвртфинале во Купот (видео)

inter

Интер мораше да одигра 120 минути во синиќешниот дуел против Болоња за да слави со 3-2 и успеа да обезбеди четврфинале на Купот на Италија.

Стрелец на победничкиот гол беше Антонио Кандрева во 98.минута од средбата. Тренерот Пиоли на стартот им даде шанса на неколку фудбалери кои досега имаа помала минутажа, но и покрај тоа Интер поведе со фантастичниот гол на Џејсон Мурилјо, кој со удар со ножички донесе предност во 34.минута. Пет минути подоцна Родриго Паласио зголеми на 2-0, а Блерим Џемаили сепак ја намали негативата на Болоња пред одморот.

Гостите во 73.минута преку Годфред Донсах успеаја да израмнат и да го одведат мечот во продолженија, но, сепак, на крајот Интер се најде во четвртфиналето.

„Нероаѕурите“ во следната рунда го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Лацио и Џенова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top