Познатиот водител Огњан Амиџиќ, кој е во брак со убавата Македонка Даниела Димитровска, остана како попарен во својата емисија, при гостувањето на парапсихологот кој го нарекуваат Балкански Нострадамус, Мевлудин Дуванчиќ. Тој говореше за тоа кои парови од естрадата ќе се разведат, а меѓу нив ги кажа и водителот и неговата сопруга-манекенка.
Иако многумина се загрижија за прогнозата, бидејќи балканскиот Нострадамус секогаш се погодува, сепак Даниела вели дека причина за паника нема и дека е сигурна дека нејзиниот барк ќе трае со години.
И водителот тврди дека нема причина да се грижат и двајцата.
– Го познавам повеќе од 15 години, секако се пошегува кога ни предвиде развод, вели низ смеа Огнен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.