Во терминот од 17.45 часот на Светското првенство во Франција покрај мечот меѓу Словенија и Тунис кој за Македонија значеше пласман во осминафиналето се одигра уште три.
Репрезентацијата на Катар ја забележа втората победа на Светското првенство (СП), кое се игра во Франција, откако во еден меч на кој многу веројатно е забележан негативен рекорд со 21-17 славеше над Аргентина.
Дуелот меѓу двете селекции го одбележа првиот дел, во кој паднаа само 11 погодока. Интересно е што Аргентина за 30 минути даде само ДВА гола, што веројатно е еден од негативните рекорди на ракометните мундијали. Во второто полувреме Аргентинците се доближија на 17-14, но немаа сила за сензација. Кај Катар, Малаш даде пет гола, а Ал-Карби додаде уште четири, додека кај Аргентина, Фернандез беше стрелец на седум гола.
Германија, пак, очекувано ја „збриша“ Саудиска Арабија со 38-24. Уште по првото полувреме „панцерите“ изградија комотна предност (21-13), а вториот дел беше само формалност. Кај фаворитот одличен беше Стефен Фат со шест гола од шест обида, а првата ѕвезда Уве Генсхајмер даде четири гола од четири обида. Кај Саудијците, прв стрелец беше Мохамед Алабас со шест гола.
Полска потешко од очекуваното ја победи Јапонија, со 26-25. Полјаците кои на ова Светското првенство играат со драстично променет тим до победата дојдоа во вториот дел. Кај Полска, Дашек даде 5гола, додека кај Јапонија одличен беше Шида со 9 гола, но залудно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.