Две години бевме во политичка криза. Можеме ли на стартот на годината да бидеме оптимисти дека ќе имаме успешна економска година? На оваа тема зборуваше Митко Алексов, во „Бизнис навигатор“ со Билјана Василева Трендафилова на ТВ НОВА.
-Треба да бидеме оптимисти, но исто така да бидеме свесни и да имаме во предвид дека пред нас се поставени сериозни внатрешни и надворешни предизвици. Креаторите на економските политики ќе продолжат со трендот на привлекување странски директни инвестиции во земјата со тоа што, како што рече министерот за финансии Кирил Миноски, фокусот ќе биде насочен кон оние капитално интензивни компании кои произведуваат производи со повисока додадена вредност, софистицирани, поскапи производи што ќе се пласираат по странските пазари, па следствено и платите на вработените во тие компании ќе бидат повисоки. Влегуваме во една фаза на иновативност и софистицираност каде нема доминантна да биде цената на трудот за одредена комапнија да донесе одлука, односно да ја избере Македонија како дестинација за лоцирање на своето производство, односно за инвестирање, истакна Алексов.
Тој зборуваше и за градежништвото што последниве неколку години е двигател на македонската економија и изрази надеж дека таквиот тренд ќе продолжи и во следните неколку години.
-Градежниот сектор секако во последните три години е еден од главните двигатели на македонската економија и носител на економскиот раст во земјата. Со оглед на финансиските конструкции, пред се алуцираните сретства во буџетот од 438 милиони евра и планираните инфраструктурни проекти и капитални инвестиции, пред се мислиме на патната и енергетската и комуналната инфраструктура, но и капитални инвестиции во образовниот, задрвствениот, социјалниот систем. Сетоа тоа претставува работа за градежниот сектор. Градежништвото раздвижува минимум 25 до 27 останати гранки од стопанството. Имаме експанзивна активност во овој сектор. Очекуваме овој тренд да продолжи најмалку во следните 2 години, зашто веќе има финансиска конструкција и тоа дава одредена сигурност на градежната оператива да може да се фокусира и концентрира на овие активности, додаде Алексов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)