| четврток, 6 декември 2018 |

Францускот филм кој се снимаше кај нас, почна да се прикажува во македонските кина

Прикажувањето на францускиот филм „А фонд“ или „Семејство без сопирачки“, кој во голем дел се снимаше и на локации во Македонија, почна деновиве во киното „Синеплекс“ во Скопје.

По тој повод, Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорка на Агенцијата за филм на Република Македонија, и амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, во заедничка изјава ја поздравија соработката во снимањето на филмот помеѓу францускиот продуцент „Шик филмс“ (Chick films) и македонскиот продуцент „Мануфактура“.

Исполнувањето на посебните услови што ги бараше францускиот подуцент, како и поволностите што ги нуди Законот за поврат на средства, беа пресудни за француската страна.

133529250

Директорката Ѓоргоска-Илиевска и амбасадорот Тимоние истакнаа дека благодарение на оваа значајна соработка во сферата на аудиовизуелната индустрија, францускиот партнер и донесе бенефит на Македонија во висина од 2 милиони евра за филм со вкупен буџет од 12 милиони евра.

Двајцата воедно изразија надеж дека прикажувањето на овој филм ќе придонесе за промоција на Македонија како интересна дестинација за филмски потфати и ќе отвори пат кон нови соработки.

Според амбасадорот Тимоние, филмот „Семејство без сопирачки“ има одличен одек кај француската публика и добро е рангиран на францускиот бокс-офис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top